Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува така одлучи Регулаторната комисија за енергетика што денес ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја…

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава, според која од вечерва на полнпќ ќе имаме поскапување на дизелот, а поевтинување на бензините.

Согласно методологијата за утврдување на цените, РКЕ одлучи цената на бензинот Еуросупер БС-95 да се намали за половина денар, а бензинот Еуросупер БС-98 ќе поевтини за еден денар, додека Еуродизелот ќе поскапи за еден денар.

Ова значи дека за литар Еуросупер БС-95  ќе се точи по 84 денари по литар, а за литар Еуросупер БС-98 ќе треба да се платат 86 денари, додека цената на Еуродизелот ќе се згоилемува и ќе изнесува 91 денар за литар.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 3,158%, а кај дизелот зголемување за речиси еден процент.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?