Цената на горивата и натаму стрмоглаво паѓа (пропаѓа)!

Малопродажните цени на горивата во нашата држава ќе доживеат ново намалување, одлучи Регуларторната комисија за енергетика

Со минатонеделните драстични намалувања, со што цените на горивото паднаа на историско ниско ниво, од Регуларторната комисија за Енергетика најавија нови малопродажни цени на горивата во Македонија и продолжуваат во уривање на рекорди во постигнување на најниски цени.

Имено од РКЕ денес ги соопшти цените што ќе почнат да важат од вечерва по полноќ, односно од 24.03.2020 година.

Според новата пресметка на цените, на која влијае и новиот значителен пад на цената на нафтата на светскиот пазар, Регулаторната комисија одлучи да ги намали цените на горивата во просек за 9,18 %.

Така, цената на Еуросупер-95 ќе се намали за 5.00 денари, цената на Еуросупер-98 се намалува за 4.50 денари, а цената на Еуродизел ќе се намали за 3.00 денари.

Односно малопродажната цена на Еуросупер-95 ќе изнесува 49.50 денари за литар гориво, за Еуросупер ќе изнесува 52.00 денари, а цената на Еуродизел горивото според новите промени ќе изнесува 45.50 денари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe