Од РКЕ ги одредија новите малопродажни цени на горивата на пумпите во нашата земја, па така од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат, додека дизел горивоти ќе има пониска цена од досегашната…
Регулаторната комисија за енергетика на Македонија (РКЕ) ја донесе својата најнова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од минатата недела.
Согласно методологија за утврдување на цените, РКЕ одлучи да ја намали малопродажната цена на Еуродизелот за еден денар, додека цените на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар.
Тоа во апсолутни бројки значи дека од полноќ цената за литер Еуросупер БС-95 ќе изнесува 95 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 97 денари, а литар Еуродизел ќе чини 85 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,7 проценти, а кај дизелот намалување за 2,7 проценти.