Цените на горивата одат нагоре!

Регулаторната комисија за енергетика донесе ги крена малопродажните цени на горивата во нашата земја а новите цени ќе важат од ноќеска  на полноќ…

Од РКЕ одлучија да се големат цените на нафтените деривати во земјава во просек од 1,42 %, во однос на цените кои беа утврдени со одлуката од минатата недела.

Со најновата одлука, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се покачуваат за половина денар по литар гориво а истото зголемувањ се однесува и за Еуродизел горивото.

Така, од вечерва по полноќ литар гориво Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59,50 денари, Еуросупер БС-98 по цена 61,50 денари, а Еуродизел ќе се продава за 50,50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период  кај бензинот во просек пораснале за за околу 2,145%, додека кај

дизелот зголемување  е 5,395%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија