Цените на горивата повторно паѓаат

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени за горивата на пумпите во нашата земја, а новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ…

По минатонеделното мирување на цените на горивата, сега  ни пристигнува ново поевтинување на цените на бензинските пумпи во нашата земја.

Регулаторната комисија за енергетика во рамките на својата методологија за одредување на цените на нафтените деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, одлучи да ги намали цените на горивата во просек од 0.33 % во однос на тие од пред седум дена.

Според оваа одлука на Регулаторната комисија, Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се продаваат за 0,50 денари помалку во однос на претходно.

Така, Еуросупер БС-95 ќе чини 59,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе има цена од 61,50 денари, а еден литар Еуродизел од вечерва на полноќ ќе се продава по цена од 52.00 денари.

Новите цени за горивата стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември