Цените на горивата повторно по надолна линија!

Регулаторната комисија за енергетика според својата методологија на утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, олучи да ја намали  цените на горивата во нашата земја…

Одлуката стапува на сила од полноќ, а според истата, цените на бензините ќе поевтини, додека дизелот останува непроменет.

Имено, Регулатотна одлучи да ги намали цените на горивата за  0,26 %  во спорредба со минатата недела, односно, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар  и Еуросупер БС-95 ќе чини  59,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98  61.50 денари за литар.

Еуродизелот останува со непроменета цена во однос на претходно, па така тој и понатаму ќе се точи за 53 денари по литар.

Регулаторната се одлучи за минимално поевтинување на горивата и покрај тоа што во изминатата недела референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар забележа зголемување, и тоа кај бензинот за 0,82%, а кај дизелот за 2,47%, додека курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia