Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“

Со најновата одлука на Регулаторите цените на Дизелот и бензинот Еуросупер БС-98 поевтинуваат, додека цената на БС 95 останува иста…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)  ја донесе својата најнова одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата на пумпите во нашата земја.

Во согласност со методологијата за утврдување на цените на горивата во нашата земја, РКЕ ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот која важи од денес. Според најновата одлука на РКЕ, цените на горивата се намалуваат во просек за 0,85% проценти во однос на претходно.

Тоа значи дека, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на Еуродизелот се намалува за 1 денари во однос на претходно.

Истовремено, цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета.

Ова значи цената на еден литар Еуросупер БС-95 сега изнесува 105,5 денари додека паз за литар Еуросупер БС-98  се плаќаат 107,5 денари, а литар Еуродизел чини „рамно“ 100 денари по литар.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,6 %, кај дизелот за 2,6 %.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Електричниот Ford Bronco  пристигнува во Европа но само во ограничена серија