Црвената униформа и Шумахер – повторно заедно!

Формула 1 возачот Нико Хулкенберг, верува дека синот на седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер, наскоро ќе го оживее ликот и сеќавањата на неговиот татко од минатото во Ф1.

Хулкенберг верува дека 2021 година е моментот кога Мик Шумахер ќе се пробие до Формула 1.

20 годишниот Шумахер моментално се пробива низ сите категории во Формула и неговите перформансите ветуваат дека може да се обвистини она што го рече и Хулкенберг.

„Сигурен сум дека Мик ќе го видиме во Ф1, 2021 година. Се разбира, мора да се видат и условите низ кои тој ќе напредува. Очекувањата од него веќе сега се големи, а тоа не е нималку лесна работа. Доколку се суди од далеку, тој досега работи одлично. Тој неодамна дојде и до првата победа во Ф2 (во СПА)“, истакна Хулкенберг.

По падот на формата кај Себастијан Фетел оваа сезона (ако победи на последното ГП) сепак Ферари разгледува поттајно опции и за промена на возачкиот кадар од 2021 година, што одлично оди во прилог на предвидувањето на Хулкенберг, дека младиот Мик може да дојде на голема врата во Ф1.

Неговиот татко се уште се опоравува од повредите кои ги заработи скијајки на француските алпи пред неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

По Cајнц и Петерхансел со втора победа во Dakar 2020

Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Dakar Rally четири дена четири победници!

Третиот ден на Dakar Rally во знакот  на Шпанецот Сајнц!