Uber луксуз – Mercedes-Benz GLS Maybach?!

Неодамна е претставен најголемиот од плејадата на SUV модели, а сега, благодарение на врвните мајстори на полето на луксузот, високо ќе ја крее летвичката во сегментот на теренците се ексклузивни гени…

Спомнатиот теренец имаше глобална промоција на почетокот на летото минатата 2018 година, a сега веќе се подготвува, за тие што сакаат повеќе од луксузот и стилот, ултра луксузна – Maybach изведба.

На тој начин овој SUV модел со ознаката Mercedes-Maybach светлото на денот би требало да го здогледа годинава на претстојниот салон за автомобили во градот на Ангелите (Лос Анџелес) – САД.

Луксузната  со „обичната“ изведба ќе ги споделува погоните за производство во Алабама.

На интернет и претходно протекуваа шпионски информации што ги потврдуваа овие шпекулации.

А сега се појавија и не маскирани фотографии кои потврдуваат дека и купувачите со најголеми барања во однос на луксузот и престижот ќе можат да уживаат зад управувачот во најрафинирани материјали како и во најактуелните системи за асистенција на возачот. А надворешноста ќе биде облагородена со добро познатата хромирана решетка на ладилникот на марката Maybach.

Кога станува збор за моторизацијата се предвидува дека под хаубата би можело да биде имплементиран традиционалниот twin turbo-бензински мотор, со работен волумен од 4,0-литри.

Агрегатот би доаѓал во комбинација со девет степен автоматски менувач на брзини што силата би ја пренесувал на сите четири тркала.

Познавачите не ја исклучуваат можноста и за вградување на исклучително рафинираниот турбо – бензински агрегат, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V.

Првите примероци на оваа друмска луксузна јахта ќе можат да се видат на патиштата во Кина и на Блискиот исток.

Инаку со основна цена од 200 илјади американски долари автомобилот ќе ја преземе титулата на најскап сериски автомобил произведен во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Ultra-Compact BEV во 2,5 m спакуван автомобил на батерии!

Нова Škoda Octavia официјални скици

Наскоро нова Toyota Yaris

Honda наскоро ќе го „открие“ новио Jazz

Конечно вака изгледа новиот VW Golf8, a дебитира за една недела!

Подновен успешниот комерцијалист – Fiat Talento

Porsche Taycan 4S –  „поевтина“ ентри верзија на електричниот тркач

Претставена Toyota Mirai concept

Toyota RAV4 Plug – in Hybrid