Украдени работи што припаѓале на легендарниот Ајртон Сена!

Лични предмети како шлемови, тркачки комбинезони, тренерки, џемпери и слично беа украдени во Италија…

Работите што припаѓаа на легендарниот Ф1 шампион кој трагично го загуби животот, се користеле во Институтот Ајртон Сена и честопати биле изложени во форма на изложби за да соберат пари за добротворни цели.

Помеѓу предметите на Сена имало многу негови лични работи, нонајпопуларните детали за колекцијата се дефинитивно неговите шлемови и опремата за тркање што ја користел на натпреварувањата во Ф1 Шампионатот.

Сепак, за време на аукцијата што се одржа во градот Аости во Италија, се појавија неколку крадци и украле предмети во вредност поголема од 300.000 евра. Речиси целата колекција ја снема, а никој не знае како.

Иако карабинерите првично мислеле дека нема да можат да го решат случајот, крадците направиле грешка и почнале да ги продаваат работи на аукции, поради што брзо биле фатени.

Голем дел од колекцијата бил успешно вратена, а карбиниерите ветуваат дека ќе можат да ги лоцираат останатите предмети, затоа што уапсиле двајца главни крадци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire