Уловен новиот Ferrari FXX K Evo

На познатата патека Нирбургринг, снимен е нов супер спортски модел на компанијата Ferrari…

На тркачката патека во Германија фотографиран е нов модел облепен со ленти и фолии за камуфлирање и кој делува дека е во завршна фаза на тестирањата.

 

Засега се претпоставува дека станува збор за новиот FXX K Evo модел, но се уште нема никакви официјални информации од страна на производителот – Ferrari.

Тоа што е познато е дека стандардниот FXX K Evo модел има мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, со моќ од 1000 КЅ и дека создава сила за „лепење до подлогата“ за 75% поголема од  LaFerrari моделот, па така не знаеме на кој начин Ferrari ќе успее дополнително да го подобри и засили овој модел.

Како и да е ќе треба да се почека на официјалните соопштенија на компанијата од Маранело во врска со овој модел и да видиме кои се тие новитети што не очекуваат.

Инаку информацијата е опремена од „шпионски“ фотографии што се објавени на популарниот интернет портал Carscoops.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Peugeot e-208 сака да биде најдобар автомобил на струја од ниската класа!