Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS

Следната година, Porsche 911 од серијата 992 ќе биде понуден и во верзијата GT3 RS, која веќе е пословично наменета за клиентите на „Elfer“ кои сакаат слободното време да го поминуваат на патеката…

Тест прототип на новиот Porsche 911 GT3 RS на германската патека Нирбургринг Нордшлаиф (Nürburgring Nordschleife) за прв пат беше фотографиран во август, тековната 2020 година.

A, сега, еве ги и најновите објавени фотографии што покажуваат дека одделот GT на Porsche продолжува со интензивно тестирање на модели чијашто ознака GT3 RS (од серијата 996,2) предизвикува воздишки. Кај вљубениците во hardcore elfer.

На каросеријата на прототипот јасно покажува дека новиот GT3 RS ќе биде понизок и поширок од стандардниот Carrera 992.

Помеѓу впечатливите детали е огромниот заден спојлер што е „позајмен“ од тркачката верзија на Porsche на RSR, кој е базиран на претходната серија 991,2, а се очекува дека спојлерот на сериската верзија ќе биде малку помал.

Новиот 911 GT3 RS исто така треба да биде придвижуван од атмосферски со шест цилиндри – боксерски мотор, чија што работна зафатнина и спецификација сè уште се обвиткани со тајност.

Но со голема сигурност можеме да кажаме дека тој ќе биде нешто помоќен од моторот со моќност од 520 КС, што се имплементира во 911 GT3 RS од серијата 991,2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја