„Уловен“ новиот Suzuki S Cross

Од Suzuki пред два дена со тизер слика и кратко соопштение најавија дека ќе претстави нов модел кон крајот на овој месец (ноември)…

Новите слики потврдуваат дека ова е замена за безвременскиот S-Cross (долг 430 см), кој беше подложен на последниот голем редизајн веќе за автомобилскиот свети темпото на случување во истиот, далечното лето 2016-та година.

Во секој случај, новиот модел добива помодерен надворешен и внатрешен дизајн, потоа доаѓа со подобрен информативно – забавен систем, поквалитетни материјали, како и поголема безбедност и повеќе системи за помош на возачот.

Се очекува под хаубата да се вгради познатиот и потврден 1,4-литарски Boosterjet бензински мотор, со четири цилиндри, потпомогнат со благa (mild) -хибридна технологија,

Се очекува во понудата да има и верзии со погон на предните тркла (2WD) како и со погон на сите четири тркала (Allgrip).

Премиерата на новиот модел е најавена за околу десетина дена, поточно речено за 25 ноември, па останува да почекаме за да дознаеме повеќе детали за новината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили