Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Предводникот на Ultima Sports пристигнува 35 години откако првиот нивен автомобил се повлече од производната линија

Со седиште во Лестершир, Велика Британија, Ultima Sports произведуваат ултимативно брзи креации на тркала  инспирирани од моторспортот, кои и после 35 години ја задржуваат својата формула исто како и кај првиот автомобил кој ја напушти производната лента од фабриката во 1983 година.

Новиот предводник е Ultima RS и има целосно ново тело инспирирано од автомобилите од група C на Le Mans, изградено пред се од карбонски влакна за намалување на масата која изнесува само 544 kg.

Тоа е постигната со спартанската изведба и остранување на се што е непотребно и сшто ќе го оптовари возилот (нема клима, навигација, аудио линија….), внатрешноста е сосема „соголена“ со еден збор вистински Спартанец!

Со цел да се надминат супериорните перформанси на претходните модели, компанијата го искористи ултра модерниот воздушен тунел на MIRA, за да ја изостри и рафинира својата аеродинамика, создавајќи неверојатна максимална сила на прилепување од 1.000kg и коефициент на аеродинамичност од 0,304 во одредени спецификации.

За да се постигнат овие броеви, предниот сплитер монтиран на шасија со вградени генератори на витли, каналите, задниот дифузер и задниот  спојлер работат заедно.

За да помогне при ладењето на погонскиот агрегат и системот за сопирање, на каросеријата има специјални отвори, како NACA отворите, покривни и странични канали…

Хипер автомобилот е погонуван од бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, си работен волумен од 6,2-литри  од погоните на Chevrolet со ознала LТ, но модифициран во неколку нивоа.

Основната LT1 варијанта произведува 480 KS, следен е LT4 со 650 KS, а по него е LT5 со 800 KS, a последниот може со доработка да се навие до  1.200 КЅ.

Во форма на најмоќната изведба на LT5, новиот 1.200КЅ моќен Ultima RS  од 0 до 100 km/h забрзува за  2,33 секунди, 160km/h достигнува за 4,8 секунди, односно 251 km/h за 9,2 секунди, а постигнува топ брзина од над 400 km/h.

Цената на овој хипер автомобилне е дефинирана, но сеигурно ќе биде поголема од 100 илјади евра!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!