Уникатен Spyker C8 Laviolette оди на продажба

Единствениот Spyker C8 Laviolette е супер автомобил произведени во изминатиот век, а овој раритетен примерок деновиве е даден на аукција…

Марката Spyker, од Холандија е мал производител на автомобили што името го добил го доби според производител на авиони исто така од Холандија што престана да егзистира  1920 -те.

Уникатниот пак Spyker C8 Laviolette е опремен со агрегат со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, од ергелето на Audi.

Моделот е понуден на аукцијата Bring A Trailer, па ако имате доволно пари можете да дојдете во посед на уникатната креација.

Компанијата е ревитализирана во 2000 година со претставувањето на C8 Spyder концептот на саемот во Бирмингем.

 

C8 Spyder беше рачно изработен суперавтомобил без покрив кој привлече огромно внимание со своите детали и V8 моторот на Audi кој го напојува. Spyker потоа во 2001 година го претстави моделот C8 Laviolette на кој му додаде стаклен покрив и алуминиумски вшмукувач на истивот, со што настана првото купе на моделот.

Покрај ова, Spyker произведе и тркачка верзија на моделот C8 Laviolette наречена Double 12 R која учествуваше на трката 24 часа Ле Ман во 2003 година.

Повторно, Spyker се враќа на Ле Ман во 2009 година со напредната верзија на C8 Laviolette GT2R што стаса до петтото место во GT класата.

Освен натпреварувачко наследство, Spyper C8 Laviolette е и едно од најголемите ремек-дела кога станува збор за автомобилите.

Сите компоненти се рачно изработени и инспирирани од авијацијата, вклучително и целосно од алуминиум изработена конструкција на моделот C8. И внатрешноста е инспирирана од авионите, а тоа се отсликува најмногу на инструмент таблата што наликува на кокпит во авион.

Аукцијата завршува за девет дена, а сегашната цена изнесува 125.000 долари, за автомобилот што е произведен во 2007-та.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?