Unimog 15 пат по ред избран за најдобар off-road камион!

Култниот камион веќе „здодеа“ со својата доминација и по којзнае кој пат се наметна на публиката и на уредниците во магазинот…

Камионетот Unimog сe чувствува како дома, во миговите и местата каде другите возила не смеат да излезат од патот.

Тоа е заклучокот на коментарот во магазинот Off Road што во категоријата Специјални возила 15 пат по ред го прогласи off-roader на годината.

Изведбата Unimog U 4023 е надграден од страна на Hellgeth Engineering Spezialfahrzeugbau и има посебна каросерија прилагодена за тешки експедиции и авантури во беспаќа.

Возилото има вкупна маса (GVW) од 7,49 тони.

Се поставива прашањето може ли да се понуди нешто подобро за вљубениците во авантури на тркала и тешки експедиции, а одговоеот е – „Тешко“.

Да возите модерен, екстремно теренски Unimog опремен со „дневна соба“ e сон на секој вљубеник во прирродата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската полиција во флота добива и Suzuki Jimnу!

Maserati GranTurismo Zeda

Lexus  сопроизведен целосно електричниот модел за 10 дена во Кина

Кои се доверливи а кои треба да се избегнуваат, покажа TUV прегледот на 9 милиони возиламодели

Нови официјални скици на идната генерација на Kia Optima

Интригантно – Можно Peugeot 608 на FCA Maserati платформа

Можно повторно заживување на Lotus Elan!

Јапонците направија супер спортски автомобил од цеулоза

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021