Unimog се „качи“ на највисокиот вулкан во светот и стана апсолутен рекордер

Камионот, машина за работење, плод на Daimler, е препознатливо и славно име веќе цели 70 години и тоа како возило – машина подготвена за најекстремни задачи…

Поради тоа истиот е популарен и како работно возило на научните и истражувачки експедиции, патака и ова експедиција составена од тим што брои 10 члена под водство на Матијас Јешке (Matthias Jeschke) тргнала во освојување на највисокиот вулкан на светот – „Ојос де Салдо“, во Чиле, со две возила Unimog U 5023.

Тие требале да инсталираат четири радио станици за итни случаи во кампови поставени на различни висини на планината, односно вулканот.

 

Во итни случаи секоја од тие четири единици може да биде од голема помош на планинарите и на истражувачите во еден од четирите кампа на Ојос де Саладо.

Вулканот Ојос де Саладо е висок дури 6893 m со што е највисокиот вулкан на планетата,а истиотсе наоѓа во Атакама, најсушната пустина на земјината топка и дел од ноторниот Тивок огнен прстен.

Откако тимот на оваа експедиција стасал до високиот камп Амистад ( Amistad), позициониран на 6.100 m надморска височина со двата Unimog U 5023 возила и го завршил поставувањето на четвртата радио единица за итни случаи, тимот продолжил понатаму и постигнал уште еден не секојдневен потфат – го соборил рекордот во достигната надморска височина на возила со тркала.

 

Тоа е постигнато со еден од двата камиони Unimog на забележжаната надморска височина од 6694 m., висона на кој досега не се качило ниедно возилао на тркала во светов, со што, повторно, по кој знае кој пат Unimog се запишува во историските книги

Инаку оваа експедиција била подржана токму од Mercedes-Benz секторот за специјални камиони, што обезбедил две екстремни теренски возила Unimog U 5023 од најновата генерација за превоз на ова експедиција.

Покрај тоа, од страна на познатиот производител на возила од Германија е обезбедена и  сета потребна опрема за постигнување (достигнување) на екстремни височини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови Audi E-Tron S модели, практични, брзи и подготвени на се!

Porsche 911 Turbo со поминати над 1,16 милиони километри

Новиот модел на Maserati ќе се вика MC20

Од DS најавуваат два нови модели!

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес