Unique Puncture-proof Tire System

Гуми под име Unique Puncture-proof Tire System –Uptis, отпорни на „бушење“ својата премиера ја имаа на јавни патишта, како дел од изложбата IAA Mobility во Минхен….

IAA Mobility во Минхен беше место на уште една светска премиера. По неколкугодишно истражување и развој и тестирање во затворени подрачја Michelin ја тестираше својата револуционерна гума за автомобил без воздух, Unique Puncture-proof Tire System (Уникатен систем за гуми отпорен на дупчење) – Uptis за прв пат на оваа изложба на јавни патишта.

За тие потреби, гумите Uptis беа инсталирани на Mini Electric и првите возења беа изведени јавно, пишуваат специјализираните портали. Гумите Uptis, што се уште се во фаза на прототип, го привлекоа вниманието на многу минувачи и посетители на IAA Mobility, порачуваат од Michelin.

Нивната „чудна“ потпорна структура, која го заменува воздухот од обичните гуми, остава силен впечаток кај секој што гледа ваква гума, бидејќи тоа е навистина необична глетка.

Патниците кои се качија на електричниот Mini со овие револуционерни гуми, и покрај првичната претпазливост, рекоа дека не забележале никаква разлика во возењето од возењето со пневматски гуми.

Michelin ќе ја лансира серијата гуми Uptis на продажба најверојатно во 2024 година. Нивната цел е да спречат дупчење гуми со нов дизајн, но и да придонесат за зачувување на животната средина со користење одржливи материјали. Предностите на таквите гуми во однос на гумите е фактот дека се отпорни на пукање, односно не можат да se дупнат.

Исто така, возачот не треба да се грижи за одржување на точниот притисок во нив, ниту пак истите ќе се трошат нерамномерно поради несоодветен притисок. Во Michelin проценуваат дека околу 20% од гумите се фрлаат секоја година поради пукање или неправилно, односно нерамномерно абење (трошење) на истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со патент за дисплеј во средина на воланот

Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Сон на возачите Вечен зел бран

Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

GM се пофали со нов авто пилот Ultra Cruise

Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!