Во вид на своевиден вовед ќе речеме дека цените за plug-in хибридниот SF90 на Ferrari со 1000 КС започнуваат од 400.000 евра па нагоре…
Тоа е вреден автомобил чии акции сигурно ќе растат во иднина, доколку не го скршите.
Како точно се случила несреќата во Бирмингем сè уште не е јасно – но одговорната противпожарна служба објавила слики од скапоцената руина на Twitter. Автомобилот удрил во неколку паркирани автомобили, пишуваат специјализираните портали
Според Дејли Мејл (Daily Mail), по несреќата возачот на скапоцениот и уништен Ferrari побегнал.
Полицијата го запленила автомобилот и сега трага по лицето зад воланот. Нешто ни кажува дека возачот најверојатно има проблем со законот, некои актуелни прашања или нешто друго што го спречило да се сретне со полицијата, па решил да го напушти местото на несреќата.
Единствената добра вест во оваа сообраќајка е податокот дека нема жртви.