Употребата на кевлар петкратно ќе ја зголеми автономијата на EV

Истражувачкиот тим на Универзитетот во Мичиген успеа значително да ја зголеми енергетската густина на батериите преку употреба на арамидни нановлакна добиени со рециклирање на кевлар…

Во сегментот на електрични возила, каде автономијата е еден од клучните параметри и причината за нервозата кај возачите на ваквите автомобили, пред се поради немањето соодветна инфраструктура за полнење гориво, темата за подобрување на ќелиите на батериите во однос на зголемување на капацитетот за складирање, изгледа клучна. ако се стремиме кон тоа концептот на електромобилност да биде одржлив.

Според тоа, успесите што ги обезбедуваат истражувачите, како оние што ги забележаа оние од Универзитетот во Мичиген, се оптимистички, бидејќи резултатите од нивната работа можат да донесат видлив напредок во областа на енергетската густина на батериите што ги користат електричните автомобили.

Кевлар како клучен елемент во процесот

Конкретно, група истражувачи успеале да ја стабилизираат хемиската реакција помеѓу литиумската анода и сулфурната катода на литиумската батерија, па така е можно да се добијат супстанции со значително поголем капацитет од вообичаеното.

Ова стана возможно благодарение на фактот што енергетската густина е зголемена за пет пати во овој нов процес кој се потпира на употребата на Кевлар, односно поправилно е да се каже дека се потпира на употребата на рециклирани арамидни нановлакна добиени од Кевлар.

Оваа арамидна мрежа го олеснува протокот на јони помеѓу литиумот и сулфурот, а исто така помага да се спречи формирањето на полисулфиди и други остатоци кои го намалуваат капацитетот и издржливоста на батеријата. Дополнително, според научниот извештај, процесот обезбедува дека батериите базирани на него можат да издржат повеќе од илјада циклуси на полнење, што би требало да овозможи очекуван корисен век на траење од најмалку десет години.

„Постојат голем број научни извештаи кои тврдат дека се овозможени неколку стотици циклуси на полнење за литиум-сулфур батерии, но тоа е на штета на другите параметри како што се наведените: капацитет, брзина на полнење, отпор и безбедност“, рекол Николас Котов, професор по хемиски и електронски науки и инженерство на Универзитетот Ирвинг Лангмер, кој го предводеше ова истражување.

„Самата батерија е украсена со дизајн кој е речиси идеален, со капацитет и ефикасност што се граничи со теоретски граници“, тврди Котов.

„Батеријата исто така може да се справи со екстремните температури кои се вообичаени за време на работата во автомобилот, од загревањето за време на циклусот на полнење, сè до изложувањето на силна сончева светлина или студот кој е карактеристичен за силните зими, особено во регионите до поларните кругови или на високите снежни планински премини.

Инакѕ – Кевлар е пара-арамидно синтетичко влакно отпорно на топлина, со молекуларна структура од многу верижни врски што го прават неверојатно силен.

Познат по неговата употреба во панцирот, но кевлар (Kevlar) може да се користи и во други апликации, првенствено поради високиот сооднос на цврстина на истегнување и тежина.

Овој материјал е дизајниран од пионерскиот полимерен истражувач Стефани Кволек.

Хемиската структура на Кевлар се состои од неколку повторливи меѓусинџирски врски. Овие синџири се испреплетени со водород и обезбедуваат цврстина на истегнување што е десет пати поголема од челик со слична тежина.

Исто така, влакната од Кевлар се толку густо предени (набиени) што практично е невозможно да се раздвојат.

Кога ќе ги допре куршум или кој било друг проектил што се движи со голема брзина, Кевлар го фаќа додека ја апсорбира и ја троши својата енергија. Кевлар е познат и по својата отпорност на сечење, како и на перфорации (прободување), како и отпорност на топлина, бидејќи обезбедува заштита од температури до 426 ºC.

Покрај тоа, исто така е отпорен на топење, искапување а исто така и на горење,

Самото име Kevlar е регистрирано, односно заштитено како интелектуална сопственост во сопственост на DuPont, додека соединението всушност се нарекува полипарфенилен терефталамид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda старува произодство на МЕВ батериски системи во Млада Болеслав

Audi интегрира Apple Music во своите модели

Зошто летните гуми прават многу поголема бучава при високи брзини!?

BMW воведува бои базирани врз биомаса

NamX со погон на водород

DS Automobiles сака да развие автомобили без класични сопирачки

Скриени богатства: тајните на „глувите одаи“на Renault

Дотеран Rolls-Royce Phantom Series II

Погоните на BMW во Унгарија треба во потполност да работат без фосилна енергија