Рускиот производител на мотоцикли, IMZ-Ural, најави дека ќе го префрли производството во нов погон во Казахстан, со цел да се избегнат тешкотиите предизвикани од санкциите воведени кон Русија…
Во моментов, компанијата има многу проблеми со набавка на нови делови. Ural е еден од најпрепознатливите брендови. Основана е во 1941 година и има богато минато, а еден модел на овој производител го возел и Владимир Путин во 2019 година, за време на неговата посета на Крим. За жал, за да се одржи производствениот процес, IMZ-Ural е принуден да се пресели надвор од границите на Руската Федерација.
Строгите санкции воведени по март годинава оставија прилично трага на самата компанија, а бидејќи 80 отсто од компонентите доаѓаат од странство, на Ural не му остана друг избор освен да бара решение кое ќе овозможи непречено производство.
Во моментов, годишното производство е околу 1.200 модели.
IMZ-Ural ќе ја напушти фабриката во Ирбит и ќе се пресели во Петропавловск, оддалечен 600 километри, кој се наоѓа на северот на Казахстан.
„Во последните 20 години вложивме големи напори да се прилагодиме на конкурентниот глобален пазар“, изјави Иља Кајт, извршен директор на компанијата. „Процесот на преместување беше долг, тежок и скап. Во Ирбит работевме добро, се беше на едно место, но среќни сме што пристигнавме во нов, помодерен – современ погон.