Уште еден хет трик  на Alva Romeo на конкурсот најдобри брендови на Auto Bild

Читателите го избраа дизајнот на моделите Giulia, Stelvio и Giulietta за најубав во соодветните класи на автомобили

Трети пат по ред, дизајнот на Alfa Romeo го освојува првото место во категориите “компактен автомобил”, “средна класа” и “Компактни SUV возила”

Дизајнот на Alfa Rome ги одушевува германските вљубеници во автомобилите. Читателите на списанието Auto Bild ги прогласија моделите на Алфа Ромео, Stelvio, Giulia и Giulietta за победници на конкурсот “Најдобри брендови” во категоријата “Дизајн” за соодветните класи на возила. Како и во 2017 и 2018, Alfa Rome Stelvio е првонаградениот модел за најдобар Дизајн помеѓу “Компактните SUV возила”. И дизајнот на спортската лимузина Giulia на Alfa Rome ја прослави својата трета победа по ред во категоријата на “средни возила”. КонечноAlfa Rome Giulietta одново го освои првото место со најубавиот дизајн во класата на “Компактни возила”.

Клаус Бусе, директор за дизајн за регионот на EMEA изјави: «Особено сум задоволен од овој повторен успех, којшто уште еднаш ги опфаќа трите различни категории на возила и покажува дека дизајнот на Alfa Rome совршено функционира на целата гама на автомобили».

На ова осмо издание на конкурсот “Најдобри брендови”, читателите на хартиените и дигиталните изданија на Auto Bild беа повикани да ги оценат кандидатите во различни сектори во автомобилскиот свет. Во категоријата на автомобили читателите можеа да одберат помеѓу 38 големи марки, поделени на различни категории, од компактни автомобили  до кабриолети и SUV возила. На конкурсот учествуваа повеќе од 63.000 читатели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

Scania NXT концепт возило- дење вози патници, ноќе транспортира смет!

FCA и Aurora ќе прават RAM комерцијални возила без возачи!

 Нов SUV на струја – Ford Territory

Колку производители нема да се појават на IAA 2019 Frankfurt Motor Show!

Крпеници на пат што траат 10 години!!!

Во своите погони во Чешка Hyundai 3.000.000 автомобил

Епска борба – Ford  против Ferrari

Електричен Mini Cooper S E влече Boeing 777F