Уште еден „јуришник” во перформанс понудата на VW Golf – GTI Clubsport

Новата верзија на Volkswagen GOLF GTI со суфикс Clubsport треба да претставува одговор на конкуренцијата и да ја пополни празнината помеѓу перформанс изведвите на нај популарниот компакт во Европ- „обичниот” GTI и најбрзиот Golf R…

Новиот Volkswagen Golf GTI Clubsport нема да биде најмоќниот Golf од осмата генерација, бидејќи германскиот производител интензивно работи на тестирањата на новата верзија на Golf R, но Clubsport ќе треба да ја пополни празнината меѓу стандардниот GTI и споменатата R верзија на популарниот хечбек.

Од Volkswagen Motorsport одделот напоменуваат дека со новото издание на Golf GTI Clubsport на купувачите кои преферираат бескомпромисни возачки автомобили ќе им понудат автомобил кој со себе ќе донесе управливост и перформанси кои ги нудат останатите конкуренти во сегментот, како што се Megane RS Trophy и Civic Type-R.

На тестниот прототип кој беше „уловен“ на патеката во Нирбургринг можат да се забележат поинакви 19-инчни фелни зад кои „ѕиркаат“  дискови на кочниците со нагласени поголеми димензии, а во однос на стандардниот GTI кај Clubsport верзијата има и поголеми отвори од издувните завршетоци, како и поголеми отвори на предниот дел за полесна циркулација и влез на воздухот кон 2,0-литарскиот четирицилндерски турбобензински мотор кој со додатокот Clubsport би требало да располага со нешто помалку од 300 KС.

Веќе е познато дека Volkswagen ќе го понуди стандардниот Golf GTI – кој располага со моќност од 245 КС – во комбинација со мануелен или автоматски менувач, а се очекува истата опција да биде понудена и со верзијата Clubsport која ќе пристигне и со изменет систем на потпирање со адаптивни амортизери, а на возачот, по потреба, ќе му помага и ограничената блокада на диференцијалот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021