Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Пред извесно време Ford реши да го елиминира целокупната понуда на патнички автомобили на домашниот пазар, со исклучок на Mustang, и да се концентрира само на попрофитабилните SUV, crossover и pick-up модели….

Планот деновиве, штотуку беше реализиран, кога последната лимузина од средната клас Fusion се симна од производната линија, и иако ваквиот потег неодамна предизвикувал потсмев и зачуденост, не помина многу време пред другите производители да го преземат истиот потег.

Главно исчезнуваа  малите градски автомобили како Hondа Fit (познати во остатокот од светот како Jazz) и Toyotа Yaris исчезнаа, а како што стојат работите, доаѓа редот на поголемите автомобили.

Во текот на минатата недела, Hyundai најави дека новата генерација на компактен хечбек Elantra GT повеќе нема да биде достапна „преку големата бара“. Тоа е автомобил кој во Европа е познат како i30, а во Америка се продава последните осум години.

Корејскиот производител вели дека сака да обрне внимание на лимузинското издание на Elantra, кое наскоро ќе пристигне во изложбените салони, а со цел да врати некои клиенти, Hyundai планира да понуди повеќе различни верзии. Ова особено важи за спортската N-Line, а бидејќи седаните отсекогаш биле повеќе популарни на овој пазар од Hatchback верзиите па Hyundai не очекува да изгуби голем број клиенти.

(Сеуште) четвртиот најголем производител на автомобили во светот, исто така додаде и уште две мали crossover модели во својата понуда, а тоа се моделите Venue и Kona.

Hyundai  не ја одделува продажбата на Elantrа, па не е познато колкав удел имала hatchback изведбата во вкупната продажба изразена вво 175.094 единици, а доставена минатата година.

Според некои најави бројката била само околу 15%.

Од друга страна, Kona привлече 73.326 клиенти во истиот период, додека Venue дебитираше оваа година и нема резултати за споредување.

На крајот, сè уште се поставува прашањето дали истата судбина ќе ја има и механичкиот близнак, моделот Kia Forte, а шансите за такво нешто се исклучително големи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар