Huayra NC е уште еден голем и секако уникатен примерок на Huayra направен за еден доволно богат клиент…
Тоа е производ на Одделот за специјални проекти на Pagania, кое е одговорно за ексклузивни изданија и модели со ограничени серии.
Во овој случај, Huayra NC има надворешност претежно во темна сина нијанса, а има впечатлива црвена лента што поминува низ предниот дел, капакот на хаубата и задниот дел.
Оваа боја се појавува и на столбовите на задниот спојлер.
Дополнително, има повеќе темноцрвени детали на рабовите на предниот сплитер, околу страничните доводи и на задниот дифузор.
Во внатрешноста се издвојуваат седиштата и А-столбовите со сина алкантара кои одговараат на бојата на каросеријата.
Позицијата 12 часот на воланот и копчето за контрола на стабилноста се темноцрвени.
Конечно, 1240 kg тешката Huayra NC е придвижуван од моќниот мотор дело на Mercedes-AMG со работен волумен од 6.0-литри, со twin турбо технологија што испорачува моќ од 619 kW / 830 КС.
Оваа машина доаѓа во комбинација со седум (7)-брзински секвенцијален менувач.