Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Повозрасните од нас со радост, но и по малку со тага, се сеќаваат на моментите кога со нетрпение итавме кон трафиките по новиот број на автомобилскиот магази  , но тие времиња заминаа во неврат…

Не дека нема автомобилски ентузијасти, не дека нема врвни автомобилски списанија едноставно новата ера како да го „прегази“ печатениот медиум а од тоа ниту автомобилските списанија не се поштедени.

Имено новото време, понапредната технологија, Интернетот и дигиталните платформи ги „збришаа“ печатените медиуми со својата експанзија.

На тоа се надоврзува и новата генерација на деца што се помалку „сурфаат“ по web страниците и се фокусираат само на тоа што ги интересира и тоа преку информации што им ги доставуваат социјалните мрежи.

Така, деновиве, еден од најголемите издавачи на автомобилски магазини во светот, TEN Publishing, претходно познат како порано познат како The Enthusiast Network, објави дека повлекува дури 19 од 22-те автомобилски магазини.

Само Motor Trend, Hot Rod и Four Wheeler ќе останат во продажба.

Но, TEN Publishing  веќе потврди дека прекинот на печатот не значи дека тие се повлекуваат од браншата, туку дека само повторно ќе се преструктуира и ќе се преселат на посовремени платформи.

Автомото-списанијата што одат на депонијата на историјата се главно во голема мера специјализирани изданија, со многу тесна публика.

Но да тргнеме по ред ( според А-Бе- Се –дата) во историја (како печатени магазини) заминуваат:

4-Wheel & Off-Road

Automobile

Car Craft

Chevy High Performance

Classic Trucks

Diesel Power

Hot Rod Deluxe

Jp

Lowrider….

 

на овој список следуваат и:

Mopar Muscle

Muscle Car Review

Muscle Mustangs & Fast Fords

Mustang Monthly

Street Rodder

Super Chevy

Super Street

Truck Trend

Truckin’

Vette

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија