Успехот на Citroën Ami не познава граници

Во април 2020 година, Citroën излезе на продажба, носејќи изненадување на пазарот за микромобилност благодарение на дизајнот осмислен така да биде достапен.

Популарен и инспиративен, тој е во центарот на многу настани, како што се Модната недела во Милано или Младинските спортски игри во Брисел. Citroën Ami веќе се продава во 9 европски земји, а од јуни и во Велика Британија и Турција. Прифатен од приватни лица, како и од индустриски или услужни компании со повеќе од 23.000 нарачки, вклучувајќи го и ексклузивниот My Ami Buggy, успехот на Citroën ги надминува сите граници.

„Ami го претставува духот на Citroën, таа е целосно поврзана со своите клиенти во нивнота мобилност и секојдневие. Посветени сме да ја направиме електрификацијата достапна за сите и многу сме среќни што Ami постигна таков успех во Европа, како и надвор од континентот“, изјави Винсент Коби, генерален директор на Citroën.

АМI – Успех кој освои повеќе земји

Од почетокот на продажбата во април 2020 година, во Европа се направени повеќе од 22.400 нарачки, на кои сега се додаваат и оние од Мароко и Турција, така што вкупниот број е повеќе од 23.000.

Паметно решение кое привлекува професионалци

Ami главно го надополнува возниот парк со индустриски и услужни активности, помагајќи да се добијат пониски трошоци за одржување.

Посебно е погоден за компании чии активности бараат секојдневни кратки и чести возења, како и за компании и поединци кои треба да одат до центарот на градот каде што пристапот со возила е ограничен. Трговци, занаетчии, локални услужни компании …. кои треба да вршат испораки или услуги, откриле дека Ami и Ami Cargo се идеални партнери, практични и агилни за извршување и развој на нивните активности.

Инкубатор на нови идеи

Успехот на Аmi е збогатен со средби со други бизниси со кои споделува заеднички вредности, што доведе до создавање партнерства за време на различни настани и награди.

На социјалните мрежи се создадени заедници за споделување каде што секој може да сподели идеи за персонализација, слики или авантури со својата Аmi. Најдобар пример е заедницата „My Ami Superfan“ со 112 амбасадори (65 во Франција и 47 во Италија) кои го промовираат Ami, споделуваат совети или нудат тест возење на заинтересираните луѓе.

На официјалното отворање на „Куќата на Citroën“ во Милано на 19 мај, Аmi беше централно место на настанот како иновативен мобилен објект во секој поглед, од целосно дигитално патување до неговиот дизајн за микромобилност. И клиентите имаа можност да го пробаат.

Citroën Ami беше присутен и во Брисел за време на Младинските спортски игри, кои се одржаа помеѓу 30 мај и 4 јуни. Ами го имаше своето место меѓу 400 учесници, на возраст меѓу 16 и 17 години, од 33 земји, кои секоја година ги споделуваат истите вредности кои Citroën ги споделува со нив преку Ами: извонредност, почит, пријателство, солидарност и толеранција.

Имагинативно решение што им се допадна на критичарите

Откако излезе во продажба, Аmi освои многу награди благодарение на својата смелост и вредностите што ги претставува.

Во Португалија, Ami беше избрана за „производ на годината“ во категоријата електрични возила од 6.600 потрошувачи во годишната анкета на ConsumerChoice и Netsonda, најголемата компанија за истражување и услуги.

Во Велика Британија, неколку недели пред почетокот на продажбата, Аmi ја освои новата награда „Иновација на годината“ на првото издание на Move Electric Awards, што ги претставува машините, компаниите и поединците кои се стремат да ја размрдаат електричната мобилност во Англија.

Citroën Ami е на пат да стане феномен каде и да се комерцијализира. Засега е достапен во 11 земји, во Европа и Африка – Блискиот Исток, но сигурно нема да остане таму и нема да престане да не изненадува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.