В. Британија и велосипедите со регистерски таблички!

Изненадувачки но дури 91% од возачите во Велика Британија сакаат велосипедите да имаат регистерски таблички…

Телевизискиот водител Џереми Вајн (Jeremy Vine) се изјасни против предложените построги правила на патиштата за велосипедистите во Велика Британија – но анкетата покажа дека огромното мнозинство возачи ги поддржуваат истите.

Министерот за транспорт Гранд Шапс (Grand Shapps) предложи велосипедистите да имаат регистарски броеви (таблички), осигурување и да се придржуваат до ограничувањата за брзина што е во согласност со патниот сообраќај.

Министерот сака велосипедистите да се придржуваат до ограничувањето на брзината од 30 км/ч на ист начин како што мораат возачите на автомобилите и моторциклите (скутерите) според новиот закон, пишуваат светските информативни агенции.

Данкан Долимор (Duncan Dollimore), шеф на кампањи на Cycling UK, рече: „Овие предлози за регулирање на велосипедизмот се непрактични и неприменливи и постојано се отфрлани од влади што последователно се менувале“.

Сепак, автомобилските групи ги нарекоа предлозите „разумни“ и „одамна задоцнети“, но признаа дека ќе биде тешко да се спроведат.

Анкетата направена на 1.500 возачи, а спроведена од групата за мотористичка кампања FairFuelUK покажа дека 91 отсто ги поддржале предлозите на министерот.

Уште 70 отсто го поддржаа предлогот велосипедистите да имаат осигурување, а 80 отсто од нив да бидат казнети за пребрзо возење.

Сепак, исто така голем процент од 72 отсто рекле дека не мислат дека планот е остварлив.

Хауард Кокс (Howard Cox), основач на FairFuelUK, рече: „Вообичаените осомничени се спротивставуваат на плановите на секретарот за транспорт. Секое разумно лице кое го почитува законот би ја ценело потребата да се усогласи со такви разумни нови предлози за регулаторна безбедност“.

„За жал, мнозинството во анкетата вели дека тоа ќе биде невозможно да се спроведе и секако има административни трошоци за сето тоа да се случи. Како резултат на тоа, ентузијастите на велосипедизмот повторно ќе победат и ќе се смеат се до крајот, односно до следното црвено светло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept