В. Британија- Казна за производителите кои немаат доволно EV

Обединетото Кралство наскоро ќе стане европски лидер во областа на намалување на штетните гасови.

Како дел од ревидираната Net Zero стратегија , британските владини министри објавија дека ќе создадат до 440.000 работни места во следните десет години и ќе ослободат 90 милијарди фунти за дополнителни инвестиции.

Еден од десетте клучни приоритети е целосната електрификација на возниот парк, за што Владата има намера да одвои околу 1,62 милијарди фунти, а која заедно со субвенциите за набавка на еколошки возила, вклучува и напредок во инфраструктурата на јавните станици за полнење, особено на локалните патишта, пишуваaт aгенциите.

Неодамна претставениот план за целосна забрана за продажба на сите автомобили кои испуштаат штетни гасови до 2030 година, сега стана уште поамбициозен.

Министрите планираат да постигнат побрза транзиција преку намалување на бројот на автомобили во градовите и зголемување на споделувањето меѓу корисниците, дарежливи субвенции, но и непопуларен потег – казни за производителите на автомобили кои нема да направат доволно целосно да ги укинат автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Производителите што се придржуваат до новата стратегија ќе бидат наградени од Владата со различни видови заеми, честопати неповратни, а оние кои не произведуваат доволно ЕV модели – Владата ќе ги казни.

Целта е да се принудат производителите да продаваат се поголем број модели со нулта емисија, а примената на построги критериуми е најавена за 2024 година.

Критичарите на новата стратегија посочуваат дека таа не е добра, бидејќи министрите „тоа го направија“ под притисок на јавноста во пресрет на самитот за климата Cop26, кој започнува во Глазгов за две недели.

Исто така, критикувана е и Владата, која и покрај големите ветувања, во пракса не им помага на потенцијалните купувачи бидејќи постојано им ги намалува поволностите и субвенциите.

Во ОК, можете да добиете попуст на цената на сосема нови возила со ниски емисии преку владина поддршка за агентите и производителите кои ја намалуваат цената на возилото за износот на таа субвенција.

Максималната поддршка за автомобили е 2.500 фунти, а за да се квалификувате за грант, автомобилите мора да чинат помалку од 35.000 фунти. Висината на поддршката зависи од категоријата во која се наоѓа возилото, а тие вклучуваат автомобили, мотоцикли, мопеди, мали и големи комбиња, такси и камиони.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период