В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Властите во Британија во 2030 година најавуваат забрана на продажба на сите автомобили кои користат мотори со внатрешно согорување …

Првичниот план кога станува за Велика Британија беше да се забрани продажбата на сите автомобили со мотори на внатрешно согорување, па дури и хибриди и plug-in хибриди до 2040 година. Потоа се појави опција забраната да биде воведена во 2035 година, но тоа не остана без отпор од самата индустрија, пред се поради загрижувања дека тој рок не би можел да биде испочитуван од страна на производителите.

Но, владата на Велика Британија сега оди чекор подалеку и планира плановите да ги воведе уште во 2030 година. Официјален Лондон со ова верува дека ќе ја забрза трансформацијата на автомобилската индустрија и ќе го забрза преоѓањето на електрични модели. Guardian истакнува дека деталите од новиот план во врска со забраната за продажба на автомобили со мотори на внатрешно согорување ќе ги изнесе премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Дека навистина се подготвува некоја голема промена, можеше да се заклучи на основа на изјавите на британскиот секретар за сообраќај, Грент Шепс. Тој најави дека е можно забраната за продажба на возила со внатрешно согорување да стапи на сила во 2032 година.

Се чини дека ова беше само вовед во амбициозниот план на Џонсон кој би требало значително да ја зголеми продажбата на електрични автомобили во следните години во Велика Британија. Овие најави пристигнуваат откако извештаите за продадени автомобили за периодот меѓу април и јуни годинава гласат дека на Островот се продадени повеќе електрични и хибридни автомобили отколку дизел возила, односно 33.000 нови електрични возила и хибриди наспроти 29.900 дизел автомобили. Ова е индикатор дека Британците се подготвени да ги остават моторите со внатрешно согорување зад себе.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија