Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM

Помина една деценија од лансирањето на моделот KTM RC8, австрискиот одговор на прашањето за супербајк….

Иако мотоциклот имал свои силни страни, тој никогаш немаше доволно добри продажни резултати.

Во моментов, на компанијата секако и недостасува  „супербајк” понуден со целосен оклоп, и покрај некои naked bike како 1290 Super Duke R, директен потомок на проектот RC8.

Дефинитивно е време КТМ да се врати во superbike сегментот, а од  Метингхофен (Matinghofen) јасно рекоа дека не се заинтересирани за таков потег.

Еден од сегментите во кои се повеќе е присутен реномираниот производител е електричниот.

Ова нè носи до овие концепт креации на индискиот дизајнер Мохит Соланки, кој замисли како би изгледал електричниот супер мотор (superbike) на KTM.

Неговиот дизајн е уникатен и вклучува голем број на интересни карактеристики кои се многу привлечни.

Особено ни се допадна едностраната вилушка, заслужна за комплетно новиот изглед на оваа машина.

Задната подрамка носи резервоар за гориво, а заедно со седиштето, се создава интересна визуелна празнина долж централниот дел на мотоциклот.

Соланки се определи за препознатливата суспензија и сопирачките KTM, претставил интересни идеи во однос на дизајнот на тркалата и ергономијата.

Сè на сè, изгледот е во согласност со дизајнерскиот јазик на KTM и како краен резултат донесува електричен мотоцикл кој не изгледа како да е од некој научно фантастичен филм.

Се надеваме дека КТМ еден ден ќе донесе достоен наследник на RC8, и кој знае, можеби тој ќе биде на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Новиот Triumph Trident во 2021!