Вака би можел да изгледа новата Lada Granta

Како би можела да изгледа надворешноста на новата генерација Лада Гранта 2021?

Според неофицијалните податоци, за една до две години АвтоВАЗ ќе претстави нова генерација на Lada Granta.

Автомобилот ќе биде дизајниран на платформата Global Access (екс V0).

Веб-страницата Lada.Online, во соработка со дизајнерите, направи претпоставка за тоа како може да изгледа надворешноста на новата генерација Grantа 2021.

Проектот го реализираше независниот дизајнер Иван Десјатниченко.

На крајот на 2019 година, извори од фабриката објавија дека инженерите направиле прелиминарен модел на новата генерација на Grantа во пластелин и 3Д анимација.

Може да се претпостави дека основата на каросеријата ќе биде земена од моделот Renault Logan. Со самото тоа, новата Granta  ќе биде со поголема големина од сегашниот модел.

При изработката на скицата, земен е во предвид X-стилот на компанијата, што AvtoVAZ денес го форсира со сите свои модели (прикажана е варијанта со вдлабнатини од страните и без нив).

А идејата со фаровите беше позајмена од концептот Lada X CodeE, кој беше претставен на меѓународниот автомобилски саем во Москва во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!