Вака би можел да изгледа новиот Peugeot 308 потврден за 2021 година

Провокативниот дизајн со пренагласена решетка треба да биде адут за успехот на новиот модел Peugeot 308, кој покрај турбо- бензински мотори со електрична поддршка 1.2 од 110, 130 и 155 КС, ќе има и 1.5 BlueHDi турбодизели со 100 и 130 КС…

Втората генерација Peugeot 308 веќе е во својата седма, последна целосна пазарна година (на пазарот е од ноември 2013 година) и се очекува наследник  во полна форма.

Тоа ќе биде трета генерација на Peugeot 308, бидејќи бројот 309 веќе е „потрошен“ на моделот кој, со користење на технологијата на Simca, или Talbot, се произведуавал од 1985 до 1994 година.

Има најави дека ќе изгледа како зголемен Peugeot 208, или намален Peugeot 508, но фактот дека групацијата PSA е особено погодена ги мотивира лидерите во Париз да направат радикален чекор напред, според порталот Motor1.com, да понудат поуспешен конкурент за Volkswagen Golf 8.

Се разбира, Peugeot 308 е создаден на новата генерација EMP2 Efficient Modular Platform (Ефикасна модуларна платформа), со што ќе се зголеми уделот на челик со голема јачина (HTS) и ултра-висока јачина (UHTS) на 58 %. Ова ќе создаде услови за намалување на масата во просек од 50 кг, со зголемување на јачината (цврстината) за третина, што е предуслов за подобрување на перформансите и намалување на потрошувачката на гориво, како и суверено освојување на пет sвезди за безбедност според Евро-NCAP тестовите.

Во однос на претходниот модел, должината ќе се зголеми од 425 на 430 см, ширината од 180 до 184 см, а висината ќе се намали од 146 на 144 см.

Големо внимание, како адут за подобрување на перформансите и намалување на потрошувачката и емисиите на СО2, е просветно на намалување на коефициентот на отпорност на воздухот, на, за компактниот сегмент, за пример C 0,26 коефициент.

Понудата на бензините мотори ќе се базира врз 1,2 турбо бензинецот со 110, 130 и 155 КС, кој ќе има и 48 (V)волтна поддршка во помоќни верзии.

Новите околности, кои се очекуваат по слабеењето на кризата предизвикана од пандемијата „Ковид-19“, се во прилог на дизелите, така што скоро половина од продажбата ќе биде покриена од подобрениот дизел 1.5 BlueHDi со 100 и 130 КС.

Исто така, се подготвува и plug-inа хибридна верзија, а најавениот електричен Peugeot 308 (означен е-308) засега е во втор план

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021