Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Многу љубители на возилата на Volkswagen сонуваат за враќање на спортскиот модел Corrado , а дизајнерот Клебер Силва има идеја како истиот, би можело, да изгледа….

Volkswagen го произведуваше Corrado помеѓу 1988 и 1995 година, а станува збор за спортски компактен што подоцна го заменуваше Scirocco. Силва замислил како може да изгледа модерниот Corrado ако се појави случајно на пазарот во денешно време. Рендерот е, благо речено, импресивен.

Оригиналниот модел беше понуден со мотор со четири цилиндр, со супер полнач , како и со VR6 мотор, а замислениот модел може да позајми мотор од осмата генерација на Golf GTI и од Golf R.

Познато е дека новиот GTI работи со 2.0-литарски со четири цилиндри, мотор надополнет со турбо полнач, штоо развива 245 КС и 370 Nm вртежен момент, како и дека Golf R ќе испорачува повеќе од 300 КС.

Силва направи рендери на модерниот Corradо со јасни индикации дека има мотор со внатрешно согорување под хаубата.

Талентираниот дизајнер веќе го замисли електричниот Scirocco, а Corrado изгледа уште подобро.

MEB платформата на Volkswagen, на која се базираат ID.3 хечбек и ID.4 SUV нуди скоро неограничени можности за нови каросерии.

За Volkswagen не би било тешко да го произведе Corrado на истата платформа што ја користат ID.3 и ID.4, кои имаат погон на задните тркала и заден мотор кој развива 204 КС.

Покрај тоа, би имало простор и за Corrado R со два електромотори и погон на сите четири тркала.

За жал, таквиот модел веројатно не би донел доволно пари за да го оправда неговото заживување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren