Вака изгледа производната верзија на McLaren Speedtail

Од производителот на супер спортски автомобили од В. Британија – McLaren  објавија дека наскоро до купувачите треба да пристигне најбрзиот модел што тие до сега го направиле…

Познавачите на автомобили, основано или не, имаат забелешка дека моделите на McLaren многу личат едни на други, но во случајот со Speedtail тоа не може да се забележи.

Еден од првите примероци кои треба да бидат испорачани до купувачите, пристигна во Белгија, поточно во продажниот салон во Брисел и неговиот сопственик веќе го вози низ сообраќајниците законодавниот и административен центар на Европслата унија.

Во „живо” моделот навистина изгледа импресивно, со органски форми, необични предни тркала со аеродинамични покривачи, кои остануваат фиксирани додека тркалата се вртат.

Додека кај моделот Senna важи филозофијата „функцијата ја следи формата”, со фокус пред се на тркачките патеки, Speedtail е креиран со висока брзина на отворени патишта.

Со своите 403 км/ч максимална брзина, ова е најбрзиот сериски автомобил кој е произведен од страна на британскиот бренд и достоен наследник на легендата F1.

Сигурно е дека на улиците нема да има многу примероци на Speedtail, бидејќи производството е стриктно ограничено на само 106 единици, исто така во согласност со иконата F1.

Сите примероци на овој модел со каросерија од карбонски влакна се одамна продадени, по цена од 1,75 милиони фунти по примерок за модел без додатоци од пакетот на опции ( цената секако е без  давачките).

Испораката до купувачите на, како што во McLaren велат, нивниот прв Hyper GT ќе започне наскоро.

Фотографиите кои се најдоа на интернет не можат да го доловат импресивниот „отпечаток” на Speedtail.

Автомобилот е долг 5,2 метри, со перфектно рамен под, со цел да се обезбеди максимален протокот на воздух, во соработка со продолжениот заден дел за подобра аеродинамика.

Всушност, аеродинамиката е подобра отколку кај било кој претходно модел на McLaren.

Автомобилот може да се спушти за 35 мм., доколку се вози во Velocity режимот, кога во целост се активираат перформансите на оваа „ѕверка”.

Во оваа поставка, висината на возилото изнесува само 1.120 мм.

Инаку, Speedtail е еден од многуте нови членови на се поголемото McLaren семејство.

Неодамна во друштвото беше додаден 765 LT, како „поостра” верзија на и онака „бесниот” 720S.

Овие модели се дел од Track 25 бизнис планот на компанијата обелоденет пред неколку години на Фестивалот на брзина во Гудвуд, кога беше најавена инвестиција од 1,2 милијарди фунти во лансирање на 18 нови автомобили или деривати до крајот на 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe