Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Како што и се очекуваше најмалиот модел на Баварците ( барем засега) оди по стапките што ги трасирале неговите поголеми „браќа“…

Се уште само се нагаѓа, но според првите материјали за промоција на новата генерација на Series 1, сега можеме со поголема доза на сигурност да речеме : BMW serieѕ 1 ќе има идентичен изглед на внатрешноста токму каков е во новата G20 на Series 3.

И додека Германците ги одработуваат завршните тестирања, во јавноста владее се поголем интерес за тоа како навистина и ќе изгледа новата генерација на компактниот автомобил од Минхен.

Значи, комплетната внатрешност е изменете, посебно ни се бендисува изгледот на палката на менувачот на брзините, како и iDrive контролорот, a електромеханичката паркинг сопирачка сега станува дел од стандардната опрема.

Новата „единица“ на Баварците исто така ќе биде достапна и со BMW Live Cockpit Professional, со екран чувствителен на допир голем 12,3-инча во дијагонала, како и екран голем 10,3-инча на централната конзола со новиот оперативен систем на BMW, што ќе „комуницира“ со вас директно и секогаш ќе ви биде на услуга!.

Промоцијата на новата генерација на BMW Series 1 се очекува наскоро, а ние со нетрпение ја очекуваме

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha