Вака треба да изгледа сериската изведба на Dacia Spring – електричен Романец!

На почетокот на овој месец – март од Dacia го претставија  373 центиметри долгиот Spring Electric concept, како најава за своето идно електрично возило, а во меѓувреме медиумите во Франција  објавија и рендери што го покажуваат најверојатниот изглед на серискиот модел …

Тој сериски модел пристига на пазарот во првата половина на наредната 2021 година, a според најавите ќе биде 100% електрично возило.

Тоа значи дека Dacia Spring ќе биде далеку поевтина од електричните возила од VW Grоup (Volkswagen e-up!, SEAT Mii Electric и Škoda Citigo e iV).

Очекувано, Dacia Spring e всушност модифицирана варијанта на електричниот Renault K-ZE што инаку веќе се произведува и продава на пазарот во Кина.

Секако верзијата наменета за пазарите на Стариот континент ќе биде значително унапредена , пред се во однос на безбедноста, квалитетот, должината на автономијата во возење, а со самото тоа и поскапа од варијантата што се продава во Кина , но и натаму ценовно попристапна во однос на другите европски електрични автомобили.

Медиумите во Франција велат дека Dacia Spring ќе чини околу 15.000 евра, односно нешто под 11 илјади евра со субвенциите на пазарот во Франција.

Од конкретните детали во моментот е познато само дека автомобилот ќе има автономија на возење со едно полнење на батериите поголема од 200 km.

Во претходните соопштенија од фабриката  се вели дека Dacia со овој потег ја отвора вратата кон ново поглавје и го почнува својот премин кон користење на електрични погони во своите модели . Исто така е наведено и дека  пресвртот се базира врз технологијата и стручноста на Renault Grоup и нејзиното децениско искуство во областа на електричната мобилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер