Прославениот мотоциклист aс кој е и деветкратен светски шампион во Moto GP легендарниот Валентино Роси се повлече од трките на две тркала пред две години…
Сепак, страста за брзината не му даваше мир, па минатата сезона Роси, без поголем успех, се натпреваруваше во GT Challenge Europe шампионатот.
Од oваа 2023 година повторно добива статус на фабрички возач, а за BMW M Motorsport.
Тој повторно ќе ги вози GT Challenge и 12 Hours of Bathurst во „BMW M4 GT3“ и е достапен на фабриката за други серии GT, тестирање и развој на автомобили.
Роси ќе го дели кокпитот со возачите Максим Мартин и Аугусто Фарфус. Се гледа дека адреналинот не мируваат и дека пензијата не е избор за шампионот, кој овој пат зависноста од брзините на две тркала ја менува за не помалку возбудливата забава на четири тркала.