Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Vanderhall најави теренско возило што го декларира како UTV, т.е. „ utility task vehicle  (повеќе наменско возило за сите задачи и услови)“.

Ова возило се вика Navarro,  и ќе се појави во продажба како модел за 2022 година.

Од Vanderhall наведуваат дека Navarro е едно од спортските возила, што најверојатно значи дека нема да се хомологира за јавен превоз.

Покрај тоа, единственото нешто што е познато е дека Navaro ќе има електричен погон, што значи дека тоа ќе биде директна конкуренција на Nikola NZT UTV.

Ова се сите информации што компанијата од градот Прово во Јута сака да ги сподели со нас во моментот, но од објавеното видео можете да видите возило со теренски гуми, мал простор за товар, како и „проѕрни“ врати.

Покрај тоа, можете да видите уште неколку детали на истото видео, како што се фаровите и дополнително LED светло за теренски пат.

Vanderhall ќе објави повеќе информации на 19 октомври, а целосните спецификации ќе бидат познати на почетокот на 2021 година.

Vanderhall  вели дека нарачките за Navarro ќе бидат отворени следното лето, а испораките ќе следат набргу потоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class