Велика Британија воведува царини за возила од ЕУ!

Британците за автомобилите направени во Европската унија ќе воведат царина во висина од 10% …

Долго време се зборуваше за тоа што ќе се случи кога Велика Британија конечно ќе ја напушти ЕУ. Сега стаса одговорот на прашањето што ги интересира поклониците на автомобилите.

Имено, Велика Британија преминува на трговските правила во согласност со принципите на Светската трговска организација (World Trade Organization). Во согласност со тоа е и  објавата дека возилата произведени надвор од територијата на Велика Британија ќе подлежат на царинска давачка од 10%.

Британската влада посочува дека е можно оваа одлука да биде изменета доколку се постигне договор за слободна трговија со ЕУ. Ваквата одлука треба да ги заштити домашните производители на автомобили.

Владата предводена од Борис Џонсон тврди дека во тој случај, продажбата на автомобили направени на Островот ќе се зголеми значително. Тоа ќе им даде многу подобра позиција на производителите како Vauxhall/Opel и Jaguar Land Rover, но и Nissan кој има сопствена фабрика во В. Британија.

Експертите веруваат дека ваквата одлука на британските власти ќе доведе до пад на побарувачката за големо-сериски модели,  додека падот на премиум брендовите ќе биде помалку изразен.

Porsche минатата 2019 година објави дека неговите клиенти во Велика Британија можат да очекуваат покачување на цената од 10% доколку не се постигне договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Другите производители сè уште не се огласиле по објавата за воведување царински давачки, но јасно е дека доколку таквата одлука стапи на сила, брендовите кои имаат погони во Велика Британија ќе бидат во многу подобра позиција од тие што се принудени на увоз на своите модели на пазарот во Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler