Вештачка интелигенција на Hyundai ќе предупредува на повреди!

Во Hyundai ги здружија силите со израелската компанија MDGo за развој на следната генерација на напредни безбедносни системи…

Во соопштението објавено од двете компании се наведува дека тие ќе работат заедно за да го развијат интелигентниот систем за анализа на повреди на MDGo во возилата на Hyundai.

Системот го користи комплексниот AI алгоритам кој во реално време ги мери во параметрите кои се однесуваат на патниците, со цел автоматски да ги алармира службите за итни случаи и медицинските установи за можните повреди доживеани при евентуалната сообраќајна несреќа.

Тоа се врши со помош на различните сензори вградени во возилото, кадарни за следење на крвниот притисок, отчукувањата на срцето, па дури и разните нервни функции и веднаш што ќе забележат нивно не „регуларно“ работење или не работење алармираат .

MDGo поседува исклучителна технологија за анализа на AI што е оптимално  адаптирана за безбедноста на возачот. Преку таквата технологија, очекуваме значително подобрување во итните медицински услуги за возилата учесници во несреќи и тоа на краток рок. Покрај тоа нашата долгорочна цел е да обезбедиме иновации во искуството на патниците во безбедноста на возилото, користејќи нова технологија која овозможува физичко следење во реално време”, изјави Јангчо Ши, претседателот и главен службеник за иновации на Hyundai .

Системот на израелската компанија работи толку брзо што во рок од седум секунди, по евидентирањето на судирот, службите за итна помош добиваат детална анализа на потенцијалните повреди на возачите и патниците, односно на учесниците во сообраќајката.

Исто така, оваа иновациска технологија на Израелците ( MDGo) постојано ја изучува и рафинира својата интерпретација на различни сценарија за несреќи, која со текот на времето ќе станува уште попрецизна и ќе биде уште поефикасна во спасување на животите на учесниците во сообраќајките.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!