Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

Основани во истата 1946 година, италијанскиот бренд и париската модна куќа, се поврзани со непоколеблива желба да инспирираат нова, светла и креативна визија за светот…

Денес, повеќе од кога било, соработката помеѓу брендовите Dior и Vespa го промовира духот на слободата, движењето и изразувањето што ги движи.

Резултат на заедничката соработка е скутерот Vespa 946 Christian Dior, со неговата извонредна архитектура и суптилните графички линии, кои оддаваат почит на наследството на овие два бренда. Симбол на софистицираност и префинетост, новиот скутер ја отсликува нивната заедничка заложба за посветеност на извонредноста во изработката и виртуозно око за детали.

Модерната верзија на култната Vespа 946 беше претставена во 2012 година во Милано и брзо беше препознаена по елегантните линии и технолошката иновација, а самиот модел е дизајниран од Марија Грација Киури, креативна директорка на женски колекции Dior.

Скутерот е направен во Италија, придржувајќи се кон строгите стандарди на посветеност и прецизност на реномирано модно студио.

Во согласност со дизајнот на седиштето е изработен (доработен) и куфер со мотив Dior Oblique што ја дава карактеристичната привлечност.

Шлемот (заштитната кацига) е украсен со ист култен мотив со што се комплетира овој уникатен модел во понудата на познатата марка.

Оваа креација во ограничена серија ќе биде лансирана во пролетта наредната 2021 година, а интересно е што дел од моделот ќе се најде во Dior  салоните низ целиот свет, а потоа и во голем број на изложбени салони на  Piaggio  групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала