Вгодина пристигнува фантастичниот Nissan GT-R50 Italdesign !

Првите испораки на супер – спортскиот автомобил од Јапонија ќе бидат во втората половина на 2020 година, а несомнено ќе биде колекционерски примерок што како „алва ќе се продава“, што не е чудно бидејќи неговата вредност со секоја измината година ќе биде се поголема и поголема…

Поклониците на автомобилската спортска икона од Далечниот исток, моделот GT-R, први ќе бидат во можност да го видат прототипот на изведбата на Italdesign веќе неделава на познатиот  NISMO 2019 фестивал во Јапонија.

Па така, долго очекувањата изведба Italdesign GT-R50 е подготвена за почеток на производството, a лимитираното издание на GT-R моделот во целост е преработено.

Притоа, почнувајќи од алтернативната линија на покривот, па преку сосема новиот преден дел и целосно изменет заден дел.

Најголемите промени се направени под капакот на агрегатот – станува збор за бензинец, со работен волумен од  3,8-литир, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“ што сега испорачува моќност од 720 KS и 780 Nm максимален момент на вртење.

Преработката на агрегатот е направена во соработка со експертите од Nissan, a првите испораки би требало да стартуваат веќе кон крајот на идната 2020 година.

Од вкупно планираните 50 примероци, со сигурност може да се тврди дека, веќе во овој момент, сите се резервирани, или, речиси сите.

Притоа, треба да се потенцира дека цената по примерок стартува од 990 илјади евра.

Поради сето ова нема сомневање дека овој модел, покрај веќе култниот GT-R, ќе биде исклучително вреден колекционерски примерок чија вредност од година во година постојано ќе расте…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„

Jaguar Land Rover со седишта што симулираат „џогирање“

Најпродавани автомобилски брендови во 2019 според focus2move!

По рекордната 2019 Lamborghini со големи планови за 2020 година

Познатото лондонско такси и во Токио!

Во април BMW ќе се збогува со хибридниот спортист i8!