Вгодина  пристигнува Mazda на струја!

Веќе извесно време е познато дека во Mazdа подготвуваат целосно електричен модел , a некои нови детали сега, откри, шефот на Компанијата Акира Марамуто, во неговата изјава дадена за Autonews…

За почеток, Марамуто потврдил дек првиот сериски електричен автомобил на  Mazda ќеима премиера во текот на наредната 2020 година, но тоа не е се што се однесува на електрифицираните автомобили на овој производител од Јапонија.

Имено, Mazda планира од 2021 година, или една година потоа (2022) да започне и со претставување а возила со plug-in hybrid погонски системи.

Кога пак станува збор за целосно електричниот автомобил за 2020 година, тоа ќе биде посебен модел и нема да се базира врз некој од постојните (актуелни) модели на Mazda со SUS (мотори на внатрешно согорување)  агрегати.

Исто така, тој автомобил ќе го добие и електро- погонот на  Mazdа, а тоа значи дека нема да го задвижува електричен погонски склоп nшто се развива во соработка со компаниите Toyota и Denso.

Освен тоа, Mazda работи и на нови mild-hybrid  верзии, како и на зголемување на економичнста (штедливоста во потрошувачката на гориво)  кај дизел верзиите на Mazdа 6 и на Mazda CX-5.

Во однос на тоа, Марамуто верува дека за SUV моделите и за поголемите лимузини најефикасен погонски систем ќе биде дизел мотор во пар со електромотор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда