Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Škoda планира да го формира семејството Enyaq iV во следните неколку години, бидејќи сака да профитира од зголемената побарувачка за електрични автомобили.

Enyaq, претставен минатиот месец, е првиот чисто електричен модел на Škoda базиран на платформата MEB на групата VW.

Овој SUV, со големина на Kodiaq, ќе биде достапен по лансирањето со погон на задните тркала и верзии со домет до 390 односно 508 км, додека од двете варијанти со интегрален погон, едната ќе ја носи ознаката vRS.

Ален Фејв (Alen Fave), шеф на продажбата и маркетингот на Škod, рекол дека неколку варијанти на новиот модел треба да ја видат светлината на денот: „Сметаме дека Enyaq е совршен и правилен чекор, така што ќе го имаме целото семејство на овој модел, кое ќе се прошири во иднина“.

Со оглед на флексибилноста на платформата MEB, полесно е да се оправда присуството на повеќе варијанти на каросеријата отколку што е случај со традиционалните автомобили.

Идниот Volkswagen ID.4 ќе биде достапен во редовна SUV форма и варијанти на coupe, а шпионските фотографии на прототипот покажуваат дека Škoda ќе го следи истиот пример со Enyaq.

Додека предниот дел изгледа идентичен во споредба со обичниот Enyaq, работите се менуваат зад столбот B кога станува збор за coupe верзијата. Стаклените површини се помали, а линијата на рамениците и линијата на покривот се спојуваат во закосене заден дел со кратка „опашка“.

Enyaq coupe, чие сериско име сè уште не е официјално потврдено, ќе ја користи истата архитектура како и обичниот модел.

Ова значи дека што се однесува до него, ќе биде достапна цела низа варијанти на погонот, почнувајќи од моделот со погон на задните тркала и 180 КС (батерија од 62 kWh), до моделот VRS со 306 KС, погон на сите тркала и батерија од 82 kWh.

Не треба да очекуваме порадикално изменет ентериер, така што веројатно ќе бидат присутни истите дигитални инструменти и приказ на информативно-забавниот систем како во стандардниот модел.

Останува да видиме дали закосениот покрив ќе влијае на просторот на задните патници, но она што е сигурно е дека ќе го намали обемот на багажникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Titan стана pick up камионет на струја!

Rolls-Royce Black Badge колекција доби одвежување

Од Maserati го најавуваат  Project Rekall

Последниот Fiat 124 Spider за Јапонија ќе биде продаден на аукција

Најопасни се патиштата со минимално ограничување на брзини!

Последни рендери на идниот Peugeot 308

Volkswagen „кинески“ модел воведува  во Европа

Новиот SUV на MINI ќе се прави во Германија

Трејлер за нова Grand Tour авантура