Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Ова не се гледа секо денј: Најголемиот pick-up или „truck наFord моделот F-450 Super Duty, со двојни тркала на задната оска и со тежина од 3,6 тони „дрифтаат”!

Патем, Super Duty има огромен 6,7-литарски V8 турбо дизел мотор и влечна сила, како и носивост од 3,5 тони, што Американците го обожаваат, но кога станува збор за Кен Блок (Ken Block) зад воланот, тогаш можни се вакви снимки.

Огромен и тежок камион долг 6,5 метри го „фрли“- занесе на страна со познатиот дрифт – танц, во Utah Motorsports Campus, во американската сојузна држава Јута.

Сепак, првично планот не бил таков, туку Ford F-450 требал да влече приколка на која еден од соработниците на Блок во придружба на Ford Escort за Gymkhanа ќе ги „запали” гумите.

Но, немале среќа, при тој обид пукнала полу-оската, така што моќноста на моторот не можела да ја задвижи задната оска.

И тогаш започнува шоуто! Блок ја отпуштил приколката и тргнал и погледнете како изгледа во ова видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!