Видео најава за редизајнираната ŠKODA KAROQ…

Се наближува дигиталната презентација на модернизираниот SUV модел ŠKODA KAROQ…

Дигиталната презентација можете да ја погледнете на 30 ноември во 10:00 часот по средноевропско време. Но, засега можете да погледнете кратко видео. Модернизацијата вклучува иновативен ентериер и нова технологија, а видеото покажува дека KAROQ ќе биде уште повпечатлив. Најзабележливите разлики се на предниот дел на автомобилот со пошироката решетка на ладилникот и новите, потенки фарови. Задржан е препознатливиот дизајн на фаровите со „четири очи“, кој сега има уште подинамичен изглед благодарение на технологијата Full LED Matrix.

KAROQ е најпопуларниот SUV модел на ŠKODA, а овој иновативен дизајн има за цел дополнително да ја зголеми неговата популарност. Важноста на моделот KAROQ во палетата на ŠKODA се потврдува со фактот што во 2020 година и првата половина на 2021 година беше најпродаваниот SUV модел на ŠKODA и вториот најпопуларен модел на марката по моделот OCTAVIA.

-Повпечатливите нови фарови се клучна карактеристика на ажурираната верзија на теренецот од средната класа на ŠKODA

-Дигиталната презентација „Лицата на KAROQ“ ќе се одржи на 30 ноември во 10:00 часот по средноевропско време.

Четири години по лансирањето, централниот модел во понудата на SUV моделот на чешкиот производител на автомобили доби надградба на дизајнот и технологијата.

KAROQ, кој во 2020 година беше вториот најпопуларен модел на брендот по моделот OCTAVIA, како и во првите шест месеци од 2021 година, во иднина ќе изгледа уште попрепознатливо. Редизајнираниот преден дел има поширока решетка на ŠKODA и потенки фарови. Покрај тоа, реконфигурираните Full LED Matrix модули на фаровите создаваат карактеристичен изглед со четири очи. Во ажурираниот заден дел, особено се истакнуваат задните светла.

Новиот ŠKODA KAROQ ќе дебитира на дигитална медиумска презентација насловена „Лицата на KAROQ“ (The Faces of KAROQ) на 30 овој месец (ноември) во 10:00 часот по средноевропско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022