Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Од Land Rover го покажаа новиот Defender во реклама што претставува ексклузивен поглед зад сцената, на новиот 007 филм со Џејмс Бонд, насловен No Time To Die…

Од Land Rover истакнуваат дека во краткото видео можете да видите што се може да се очекува од новиот Defender, кој на почетокот од рекламата „лета“ во воздух.

Легендарниот теренец Defender е познат како автомобил кој може да минува низ најтешки теренски услови, а во рекламата може да се забележи како вози во полна брзина низ мочуришта и нерамни терени.

Сцената со бркотницата во 25-тиот филм за Џејмс Бонд е предводена од каскадерскиот координатор Ли Морисон, кој соработува со добитникот на Оскар Крис Корбулд, како супервизор за специјални ефекти и акциони возила.

„Го истуркавме Defender до крајните граници за кои мислевме дека не може да ги достигне, со цел да добиеме максимална возбуда и да им дадеме на фановите поглед во бескомпромисниот предизвик за да се произведе неверојатна сцена со бркотница која ќе може да се види во No Time To Die“, изјави Ли Морисон.

„Создадовме нов стандард за тестирање на Defender, нај предизвикувачкиот кој некогаш сме го имале и е уникатен за ова возило. Физичката сила и издржливоста се мерени низ низа различни тестови, што ни даде самодоверба да придонесеме за она што каскадерскиот тим го сакаше за No Time To Die, без никакви модификации на структурата на каросеријата, освен инсталацијата на рола бар заштита при превртување.

Инаку, овие Defender возила кои се користени за потребите на филмот се првите возила кои се симнати од производната лента од фабриката на Land Rover во Словачка и се базирани на Defender 110 X моделот, во Santorini Black боја, со затемнети штитници, 20-инчни црни тркала и професионални оf road гуми.

Првите клиенти на Defender ќе ги добијат своите возила веќе оваа пролет, а што се однесува до филмот  No Time To Die, во истиот Land Rover ќе се претстави со уште неколку престижни автомобили.

Покрај 10-те Defender модели, во филмот свои улоги имаат и моделите Range Rover Sport SVR, Land Rover од третата серија како и Range Rover Classic изведбата.

Поклониците на брендот Land Rover и на моделот Defender како и на тајниот агент 007 ќе имаат во многу што да уживаат во новото продолжение на серијалот за Џемс Бонд насловен No Time To Die.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!