Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Чешките и германските хибридни модели имаа слаб настап на тестот за нагли промени на насоката на возење, познат како „северен eлен”…

Повеќето се запознаени со традицијата на овој испит за автомобили. Потеклото е од Скандинавија, каде денес е сè уште вообичаено големи животни како што се лос или ирваси да се појават на патот, па затоа е неопходно да се прибегне кон маневар за избегнување на истите.

Škoda Superb iV во караван верзијата имала проблеми веќе при брзини од 70 км/ ч, но возачот се прилагоди и веќе во следниот обид успеа да го задржи автомобилот во зацртаната траекторија на возење.

Сепак, со брзина од 72 км/ч, Superb не е веќе во состојба успешно да ги надмине пречките.

Како референца беа дадени Mercedes C-Class и Peugeot 508, кои многу подобро го минаа тестот.

Очигледно, најголемата „болка” на Superb во хибридно издание е нејзината голема маса.

VW Passat GTE се чини дека е за нијанса подобар од роднината од Чешка. Исто така во караванска изведба, очигледно е дека го мачат исти проблеми поради хибриден погон како и моделот на Škoda.

Гледаме как возачот има големи проблеми да го задржи возилото на дадената линија на движење.

Маките исто така почнуваат со 70 км/ч, додека на 72 км/ч возилото е целосно надвор од контрола.

Како референци се прикажани и резултатите од Mercedes C-Class и Peugeot 508, кои, во споредба со хибридното дуо на VW Group, изгледаат како вистински расни спортски автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS

Volkswagen исплатил поголем дел од спогодби за отштета во „дизелгејт” скандалот во Германија