Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Неговата посебност не е само в бојата што не типична за овој автомобил туку и во начинот на кој го ја заштитуваат та боја и лакот од гребнатинки, оштетувања од камчиња, вирови….

Ferrari Monza SP2 еден е од  најубавите автомобили што се појавија во последно време. Иако не се знаат многу детали за него, доволно е да го погледнете и да посакаат да направите барем еден круг со него.

Овој темно црвен примерок на Monza SP2 се издвојува од останатите со својата боја, што е заштитена со големо внимание, пишува Carscoops.

Гордон Ремзи -Gordon Ramsay има црн Monza SP1 со црвени елементи, но овој примерок иде чекор понатаму. Темно црвена верзија ретко може да се види, a кај Ferrari речиси никогаш.

Црвената боја ја разбива сивата лента што минува хоризонтално преку масивната хауба.

Овој SP2 e псебен и по тоа што неговата боја и лак се засилени со слој од јаглеродни влакна што ја штитат истата.

Во снимката на Topaz Detailing, авто – сервисот што се наоѓа во Лондон, Велика Британија, го открива процесот на заштита на бојата на автомобилите, во која се гледа дека сите надворешни делови се обложени со заштитна прекривка, вклучувајќи ги и чувствителните делови на внатрешноста.

Тоа е истата компанија што ги нуди и услугите на ексклузивно перење на автомобилите што трае пет дена и што чини дури околу 2600 евра.

Како Monza SP1, така и SP2 располага со бензински турбо мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 6,5 литри и моќ од 799 KС.

Тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди и постигнување на  максимална брзина повисока од  300 км/ч.

Во оваа интересна снимка можете да видите како изгледа целиот тој процес на заштита на бојата на каросеријата и на чувствителните делови во внатрешноста на супер автомобилот од Маранело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!